ФОТО+ВИДЕО | Премиерот Заев и владината делегација се поклонија пред „Могилата на непобедените“ по повод 11 Октомври

Премиерот Зоран Заев положи венци цвеќе на споменичниот комплекс „Могила на непобедените“, како дел од програмските содржини за чествување на празникот 11 Октомври – Ден на народното востание и 80 години од овој настан / Фото: Влада на Република Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев предводен од владината делегација заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, положи венци цвеќе на споменичниот комплекс „Могила на непобедените“, како дел од програмските содржини за чествување на празникот 11 Октомври – Ден на народното востание и 80 години од овој настан.

– Со овој чин за оддавање почит и во знак на сеќавање, како и почит кон делото и хероите од народно-ослободителната антифашистичка војна, Владата на Северна Македонија во име на народот им оддава признание на првоборците од Прилеп и прилепско кои во воените дејствија дале 8000 учесници, од кои 2700 активни борци со оружје во рака, 650 жртви, 15 народни херои и 154 носители на признанието „Партизанска споменица 1941″, и кои заедно со своите другарки и другари од целата земја учествуваа во војната за слобода од фашизмот и за македонска држава, велат од владината прес-служба.

Премиерот Зоран Заев и владината делегација, заедно со другите делегации и граѓаните, на „Могилата на непобедените” ја проследија празничната програма и обраќањето на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, на градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски и на претседателот на Општинскиот одбор на борците од Прилеп Круме Соколоски.

Фото: Влада на Република Северна Македонија
Фото: Влада на Република Северна Македонија
Фото: Влада на Република Северна Македонија

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот