ФОТО+ВИДЕО | Почина девојчето кое изгледаше како старица: Боледуваше од ретко генетско нарушување

Фото: Инстаграм

Девојчето Адалија Роуз Вилијамс, која имаше само 15 години и стана славна на интернет поради необичното генетско нарушување кое го имаше, почина.

Мајката на Адалија потврдила дека девојчето од Тексас починало во средата вечер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Adalia Rose Show (@adalia06)

Адалија страдаше од прогерија, ретко генетско нарушување кое води до нагло, забрзано и предвремено стареење. Иако имаше само 15 години, изгледаше како да е во длабока старост.

Дијагнозата на нарушувањето чие полно име е Хачинсон-Гилфорд синдром на прогерија е поставена кога Адалија имала само три месеци. Предизвикува предвремено стареење, забавен раст, опаѓање на косата, а прогнозираниот животен век на децата кои ја добиваат оваа дијагноза е само 12-13 години. Неколку стотици деца низ планетата страдаат од ова нарушување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Adalia Rose Show (@adalia06)

Малата Адалија одлучила да не се крие само затоа што изгледа поинаку од своите врсници, па стана ѕвезда на Јутјуб. Нејзиниот канал, на кој објавуваше снимки од танцување, шминкање и други тинејџерски активности, имаше повеќе од 339 милиони прегледи.

„Таа допре милиони луѓе и остави неизбришлива трага во срцето на секој од нив. Повеќе ништо не ја боли и сега танцува на музиката што ја обожаваше“, наведено е на нејзината фејсбук-страница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот