ФОТО+ВИДЕО | „Песто“ – огромното бебе пингвин има 22 килограми: Тежи колку неговите родители заедно

Фото: Facebook / SEA LIFE Melbourne Aquarium

Огромното бебе кралски пингвин по име Песто, тешко колку неговите родители заедно, стана познато на социјалните мрежи и атракција во аквариумот во Мелбурн.

Песто е најтешкото бебе пингвин во историјата аквариумот „Си лајф“, објавија претставници на аквариумот. Има девет месеци и тежи 22 килограми, двојно повеќе од неговите родители заедно. Речиси две милијарди луѓе го виделе на објавите на социјалните мрежи.

Фото: Facebook / SEA LIFE Melbourne Aquarium

Од „Си лајф“ велат дека минатата недела изел повеќе риба отколку што тежи – 24 килограми.  Ветеринарите велат дека оваа количина на храна е здрава за пингвин кој се приближува до полнолетството.

Неговите чувари веруваат дека Песто ќе престане да расте кога ќе почне да се осамостојува и кога ќе почне да му растат вистинските пердуви. Тој веќе почна да ги губи кафените пердуви кои ќе ги заменат црно-белите пердуви на возрасен пингвин. Тие исто така очекуваат да изгуби околу 15 килограми во тој процес.

Фото: Facebook / SEA LIFE Melbourne Aquarium

Пестото се родил на 31 јануари оваа година како единствено бебе од овој вид пингвини во „Си лајф“ во последните две години.

Возрасните кралски пингвини обично тежат меѓу девет и 18 килограми и тие се вториот по големина вид пингвини во светот, по царскиот пингвин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот