ФОТО+ВИДЕО | Пендаровски: Со меѓусебна почит и традиционално пријателство изградивме одлични македонско-полски односи

Стево Пендаровски и Анджеј Дуда
Стево Пендаровски и Анджеј Дуда / Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Во Вила Водно во тек се средбите на претседателите на Северна Македонија и на Полска, Стево Пендаровски и Анджеј Дуда и придружните делегации. Полскиот претседател кој престојува во официјална посета на земјава, беше пречекан од Пендаровски со со највисоки државни и воени почести.

– Добредојде за полскиот претседател Анджеј Дуда. Церемонија со највисоки државни и воени почести по повод неговата официјална посета на Северна Македонија. Со заеднички напори и посветеност изградивме одлични македонско-полски односи и плодна соработка во изминатите години, врз основа на меѓусебна почит и традиционално пријателство, напиша претседателот Пендаровски на фејсбук по пречекот на неговиот полски колега.

Предвидено е двајцата претседатели да одржат заедничка прес-конференција.

Пендаровски и Дуда ќе присуствуваат и ќе имаат обраќања на „Македонско-полскиот бизнис форум“ што ќе се одржи во хотел Мериот, а ќе положат и венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“.

Во рамки на официјалната посета на Република Северна Македонија, претседателот Дуда ќе има средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со претседателот на Владата, Зоран Заев.

Стево Пендаровски и Анджеј Дуда
Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот