ФОТО+ВИДЕО | Пендаровски – Мишел: Прифаќањето на францускиот предлог ќе овозможи отворање на првата фаза од пристапните преговори

Средба на Шарл Мишел и Стево Пендаровски во Скопје / 5 јули 2022 / Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на денешната средба во Скопје се согласиле дека прифаќањето на францускиот предлог ќе овозможи отворање на првата фаза од пристапните преговори, со што фактички ќе се одблокира ЕУ интеграцијата на нашата земја.

Покрај ова, отворањето на првата фаза ќе претставува натамошен поттик за напредокот и просперитетот на Северна Македонија, но ќе има позитивно влијание и врз севкупните состојби на Западен Балкан, соопшти Кабинетот на шефот на државата.

„Соговорниците разменија мислења во контекст на загриженоста која постои кај граѓаните во однос на идентитетските прашања, за што претседателот Пендаровски потенцираше дека македонскиот јазик и идентитет мора да бидат почитувани и гарантирани од страна на ЕУ“, се наведува во соопштението.

Средба на Шарл Мишел и Стево Пендаровски во Скопје / 5 јули 2022 / Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

На средбата се разговарало за актуелните политички случувања во Северна Македонија, за предизвиците во однос на европските перспективи на земјава и за предлогот на ЕУ за почеток на пристапните преговори со Европската Унија.

Пендаровски ја поздравил посетата на Мишел, карактеризирајќи ја како показател за посветеноста на Европската Унија и го информирал за текот на широкиот консултативен процес кој се води во однос на францускиот предлог, како и за атмосферата во нашето општество по тоа прашање.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска престојува во еднодневна посета на Скопје, каде ќе има одвоени средби со државниот врв.

Извор: МИА

https://www.slobodenpecat.mk/zaev-francuskiot-predlog-mozhebi-ne-e-najdobar-no-e-dobra-osnova-za-pochetok-na-pregovori-so-eu/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот