ФОТО+ВИДЕО | Пендаровски го пречека Дуда во Вила Водно

Стево Пендаровски и Анджеј Дуда
На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски го пречека претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда / Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска го пречека претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации.

Во фокусот на разговорите се севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Полска, европската интеграција на земјава во Европската Унија, како и состојбите во поширокиот регион и Европа.

По завршувањето на пленарниот состанок на делегациите, предвидено е двајцата претседатели да одржат заедничка прес-конференција.

За време на официјалната посета, претседателот Дуда е придружуван од неговата сопруга, Агата Корнхаузер-Дуда.

Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски
Стево Пендаровски и Анджеј Дуда
Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски
Стево Пендаровски и Анджеј Дуда
Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот