ФОТО+ВИДЕО: Новиот играч на Ал Итихад Бензема претставен пред 60.000 луѓе

фото: EPA-EFE/STR

Францускиот фудбалер Карим Бензема беше претставен во својот нов клуб, Ал Итихад од Саудиска Арабија.

Како што е веќе познато, тој е нов играч на саудискиот клуб, каде ќе добива вртоглави 100.000.000 (сто милиони) долари по сезона.

Во приложеното видео можете да го погледнете и претставувањето на славниот Французин кој доаѓа од Реал Мадрид.

Бензема беше претставен на стадионот пред 60.000 луѓе и го зеде дресот со број „9“ на Ал Итихад.

Вкупно 14 години играше во „кралскиот“ клуб, а претходно настапуваше и за Олимпик од Лион. За репрезентацијата на Франција одигра 97 натпревари и реализираше 37 голови.

фото: EPA-EFE/STR
фото: EPA-EFE/STR
фото: EPA-EFE/STR
фото: EPA-EFE/STR

Кој може да го замени Бензема: Можните кандидати за нов напаѓач на Реал Мадрид

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот