ФОТО+ВИДЕО | „Носат двојна среќа“: Две џиновски гумени патки се појавија во Хонг Конг

Фото: Vernon Yuen / Shutterstock Editorial / Profimedia

Пар гумени патки денеска се појавија на пристаништето Викторија во Хонг Конг, како дел од уметничката инсталација „Double Ducks“ („Двојни патки“) на холандскиот уметник Флорентијн Хофман, кој вели дека се надева дека патките ќе му донесат среќа на градот, пишува „Ројтерс“.

Жолтите патки на надувување, високи 18 метри, ќе пловат на пристаништето две недели и доаѓаат една деценија откако уметничката инсталација „Rubber Duck“ („Гумена патка“) на Хофман се појави во регионот и го привлече вниманието на хонгконшките жители.

Фото: ISAAC LAWRENCE / AFP / Profimedia

Хофман рече дека неговиот пар патки претставуваат „двојна среќа“ и дека носат нова возбуда во Хонг Конг.

„Се надевам дека (патките) ќе донесат исто толку големо задоволство како во минатото. Мислам дека е време да ја вратиме двојната среќа во овој свет, каде што страдавме од пандемија, војни и политички ситуации“, вели уметничкот.

Фото: ISAAC LAWRENCE / AFP / Profimedia

Флорентијн Хофман го започнал овој уметнички проект во 2007 година и оттогаш има поставено повеќе инсталации во Амстердам, Баку, Ломел, Осака, Сиднеј, Саун Пауло и Хонг Конг. Секоја гумена патка се пресоздава локално, па оваа јавна уметност е наменета да биде привремена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот