ФОТО+ВИДЕО | Норвешка вети една милијарда евра за поддршка на Украина

Јонас Гар Стоере во Киев, Украина / 1 јули 2022 / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Норвешка вети дека ќе обезбеди финансиска поддршка од 1 милијарда евра за Украина за да ја зајакне нејзината одбрана, да им помогне на сиромашните и да помогне во обновата по руската инвазија.

Норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере вчера во Киев изјави дека Норвешка сака да ја изрази својата солидарност со борбата за опстанок на Украина.

„Тука сум да кажам дека украинската борба не е само за Украина. Станува збор за некои основни принципи на светот што ќе ги понудиме на нашите деца. Се работи за безбедноста во Европа, за судбината на вашиот сосед“, рече Стоере на заедничка прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Јонас Гар Стоере и Володимир Зеленски во Киев, Украина / 1 јули 2022 / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

„Ќе донираме една милијарда евра за поддршка на вашата земја и вашиот народ за остатокот од 2022 година и за 2023 година. Оваа војна е кршење на меѓународното право… Вие имате право да се браните и ние имаме право да помогнеме да се одбраните”, додаде Стоере.

На прашањето дали Норвешка е подготвена да го зголеми својот придонес во снабдувањето со гас во Европа, Стоере рече дека Норвешка веќе произведува „максимално“ можно количество гас, но дека ќе направи се што е во нејзина моќ за да го испорачува.

Зеленски реч е дека е неопходно да се продолжи да се врши притисок врз Русија за да се стави крај на војната.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот