ФОТО+ВИДЕО: Навивачите на ПСЖ го чекаат Меси, Нејмар веќе го потврди трансферот!

Ново поглавје во кариерата на Лео Меси/Фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Доколку може да се каже, уште од вчера навивачите на аеродромот во Париз со часови веќе го чекаат пристигнувањето на најголемото летно засилување.

Како што е веќе најавено, се очекува Лионел Меси да потпише договор на две години со ПСЖ, со опција истиот да биде продолжен на уште една.

Голем број на фанови на францускиот се наоѓаат пред аеродромот со желба од што поблиску да го поздрават „магионичарот“, еден од најдобрите во историјата на фудбалската игра.

После 20 години Меси одлучи да се раздели со Барселона која не можеше да продолжи со играчот поради финансиски и структурни пречки.

Сега Меси го очекува ново поглавје во својата кариера, до нови големи успеси во овој случај со париските „светци“.

Нејмар веќе потврди дека повторни ќе соработува заедно со неговиот поранешен соиграч од Барса и сега одново тимски колега во Париз.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот