ФОТО+ВИДЕО: Најмалку 174 лица загинаа во стампедо на фудбалски натпревар во Индонезија

Несреќа на стадионот Канџурухан/Маланг, Источна Јава, Индонезија/1 октомври 2022/фото: EPA-EFE/H. PRABOWO

По фудбалскиот натпревар во Индонезија, илјадници гледачи упаднаа на теренот, а кога полицијата употреби солзавец, избувна масовна паника. Според властите, најмалку 174 лица загинале, а повеќе од 100 се повредени.

Според заменик-гувернерот на Јава, 174 лица загинале во тешки немири по фудбалски натпревар во индонезиската провинција Источна Јава. Меѓу загинатите има и двајца полицајци, соопшти индонезиската полиција.

По натпреварот помеѓу Арема и Персебаја Сурабаја, навивачите на поразениот тим влетаа на теренот. Кога полицијата употреби солзавец, изби стампедо, изјави за новинарите началникот на полицијата во Источна Јава, Нико Афинта. 34 лица загинаа на теренот на стадионот Канџурухан, сите останати во болници, објави Афинта.

Стадионот Канџурухан има капацитет од 42.000 гости и беше распродаден, според властите. Според полицијата, на терен влегле 3.000 луѓе.

фото: EPA-EFE/SANDI SADEWA
фото: EPA-EFE/SANDI SADEWA
фото: EPA-EFE/H. PRABOWO

– Сакаме да истакнеме дека не беа сите насилни, само околу 3.000 од оние кои излегоа на терен – рече шефот на локалната полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот