ФОТО+ВИДЕО Најатрактивната боксерка во светот е и професорка, фановите сакаат да „учат“ од неа

Австралиската боксерка Ебани Бриџис е и професорка по математика/Фото: instagram.com/ebanie_bridges/

Австралиската боксерка Ебани Бриџис (35) во минатото привлекуваше внимание со провокативна долна облека во која се појавуваше на вага пред борбите, а она што е помалку познато е дека гради кариера далеку од рингот.

Русокосата боксерка им откри на своите 326.000 фанови на Инстаграм дека е и професорка по математика.

Таа доби голем број верни фанови на Инстаграм со тоа што никогаш не се срамеше да објави некои провокативни видеа на своите профили на социјалните мрежи, но ги изненади сите со објавувањето пред неколку дена.

– Секогаш се чувствувам свежо во понеделник и подготвена сум за мојата работна недела. Денеска одам во училиште. Доколку ме познавате или сте разговарале со мене барем за момент за наставата, знаете дека мојата страст за тоа е непобитна. Благословена сум што имам две кариери кои апсолутно ги сакам и имам чиста страст за нив – напиша најатрактивната боксерка на денешницата.

Таа ја заокружи објавата прашувајќи ги фановите: „Кој беше вашиот омилен предмет во училиште?“.

Секако, објавата предизвика голем број коментари од фановите, од кои многу едвај чекаа да одговорат на нејзиното прашање и порачаа дека „секогаш се подготвени да учат“ од неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот