ФОТО+ВИДЕО | Мишел: Европската политичка заедница не е алтернатива на проширувањето

Шарл Мишел
Шарл Мишел / 24 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел по дебатата на лидерите на ЕУ за европската политичка заедница, изјави дека тоа „не е алтернатива на проширувањето“, туку платформа во рамките на која лидерите на земјите-партнери на европскиот континент би соработувале за обезбедување стабилност и напредок на Европа.

„Првиот состанок треба да се одржи во Прага, за време на чешкото претседателство со Советот на ЕУ, по летната пауза“, рече Мишел.

Емануел Макрон, Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен / 24 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, кој прв ја претстави идејата за европска политичка заедница, смета дека има потреба од „европска политичка рамка која ќе се занимава со стратешки прашања“.

„Видовме дека проширувањето, поради неговата брзина, не е адекватно за сѐ што правиме во Европа. Затоа го сакаме овој нов пристап, во кој партнерите би можеле да разговараат за прашања како што се безбедноста, енергијата, инфраструктурата, економијата, здравството“, рече Макрон.

На крајот од самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, тој повтори дека е договорено првите состаноци во овој формат да се одржат за време на претстојното шестмесечно чешко претседавање со Советот на ЕУ и дека идејата е да биде „средба на рамноправните“.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот