ФОТО+ВИДЕО | Мајка херој: Жена од Данска гордо го покажа својот „необичен“ труднички стомак

Мишела Мајер-Морси
Мишела Мајер-Морси / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Оваа жена херој стана популарна на социјалните мрежи откако водела евиденција за нејзината бременост, најмногу поради нејзиниот „необичен“  стомак во кој носела тројка. Јавноста ја прогласи за суперхерој, а еве зошто.

Мишела Мајер-Морси од Данска се породила на почетокот на овој месец, а на свет ги донела Чарлс, Теодор и Габриел.

Мишела на својот инстаграм-профил водела уреден дневник за бременоста, не криејќи како изгледа нејзиниот труднички стомак.

Објавите ги сподели со своите над 260.000 следбеници, покажувајќи им го, како што вели, „џиновскиот стомак“ секој ден.

Најголемо внимание привлече нејзиното видео на „ТикТок“ кое го објави сосема друга личност, која напиша дека Мишела е уште еден доказ зошто мора да се почитуваат мајките. Видеото е прегледано над 14 милиони пати, а има и бројни коментари.

„Немам зборови, голема почит“, „Занемев, ти си мојот суперхерој од сега“, „Најдобар пример за тоа колку е прекрасно женското тело“, се дел од коментарите.

@princeaca♬ original sound – user5197520863504

Пред породувањето, Мишела открила дека се соочува со силни болки и дека ѝ е драго што нејзината бременост е при крај.

Породувањето траело 36 часа, но оваа мајка истакна дека поминало подобро отколку што очекувала.

Таа сподели и фотографија од нејзиниот стомак десет дена по породувањето, објаснувајќи дека е веќе многу помал, но дека е тежок и неверојатно болен.

„Последниве неколку дена, ме болеше и кога дишев“, призна таа.

Покрај тројката, таа и нејзиниот сопруг се родители и на две близначки, кои неодамна наполниле три години.

За секоја жена, бременоста е различен концепт. На големината на трудничкиот стомак може да влијае и тоа која бременост е по ред и структурата на телото на жената, но и самото бебе. За обликот на абдоменот придонесува и дијастазата, состојба во бременоста кога се раздвојуваат левиот и десниот стомачен мускул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот