ФОТО+ВИДЕО | „MAC“: Сите зборуваат за атрактивниот фустан на Јелена Розга

Јелена Розга / Фото: Инстаграм

Хрватската пејачка Јелена Розга синоќа присуствуваше на годинашното доделување на регионалните музички награди „Music Awards Ceremony“, каде воодушеви со нејзината модна комбинација.

Имено, пејачката се одлучи за елегантна црна креација со разголен грб од брендот „eNVy Room“, со кој Розга често соработува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by eNVy room (@envyroom)


Меѓутоа, Розга, која со години се бори со хашимотов тироидитис, открила дека во последно време не се чувствува добро.

„Имам проблеми со тироидната жлезда во последните неколку дена, па секогаш се плашам како ќе се разбудам. Имам добри и лоши денови, а сега не ги живеам најдобрите. Лекарите ми ја променија терапијата, па се надевам дека ќе биде подобро. Немам тироидна жлезда, имам хашимотов тироидитис што ми ја изеде тироидната жлезда. Со ова се борам долго време, околу 14-15 години. Мора да се борите, не треба да се откажувате. Навикната сум да имам периоди кога не сум најдобро. Не сум расположена, многу спијам, ме болат мускулите“, изјавила пејачката, а пренесува „Курир“.

Исто така, таа споделила дека е заљубена и дека има „сè што ѝ е потребно на една жена за да биде среќна“.

„Љубовта ми е најважна“, заклучила Розга.

ВИДЕО | Каролина Гочева со совршен настап на годинашните „MAC“ награди

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот