ФОТО+ВИДЕО | Ковачевски – Петков: Ги поставивме основите за брз напредок на меѓусебните односи

Димитар Ковачевски и Кирил Петков
Димитар Ковачевски и Кирил Петков / Фото: Влада на Република Северна Македонија

Премиерот Димитар Ковачевски и неговиот бугарски колега Кирил Петков имаа тет-а-тет средба во рамките на официјалната посета на владината делегација на Северна Македонија на Република Бугарија.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата беше истакнато дека динамиката со која се реализира заедничката седница како и почетокот на активностите на работните групи ја потврдува заложбата на двајцата премиери да бидат поставени основите за идниот брз напредок на меѓусебните односи.

Претседателите на Владите на Северна Македонија и Бугарија Димитар Ковачевски и Кирил Петков се согласија дека атмосферата на изразена политичка волја и духот на искреност и отвореност кој преовладува на досегашните средби, водат кон заеднички прифатливи решенија за прашањата од интерес на двете земји, стои во соопштението на владината прес-служба.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот