ФОТО+ВИДЕО | Ковачевски – Мишел: Силна поддршка за исполнување на стратешката цел – полноправно членство во ЕУ

Средба на Шарл Мишел и Димитар Ковачевски во Скопје / 5 јули 2022 /Фото: Влада на Република Северна Македонија

Европскиот предлог за отпочнување на преговорите за Северна Македонија ги вклучува сите македонски позиции и забелешки и дека преговорите може да почнат веднаш по негово одобрување. Предлогот предвидува чист македонски јазик, еднаков со останатите јазици на земјите членки на ЕУ, потенцираа на денешната средба премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Како што информира владината прес-служба, на средбата од страна на претседателот на Европскиот совет Мишел уште еднаш беше потенцирана поддршката и заложбата на Европската Унија за почеток на преговорите со Северна Македонија, посочувајќи дека ова се клучни моменти за напредокот на нашата држава од економски, политички и социолошки аспект.

Средба на Шарл Мишел и Димитар Ковачевски во Скопје / 5 јули 2022 /Фото: Влада на Република Северна Македонија

Премиерот Ковачевски истакна дека поддршката на Европската Унија во процесот на интеграција на Северна Македонија е од особено значење за државата во исполнувањето на основата стратешка цел, а тоа полноправното членство во ЕУ.

При тоа премиерот Ковачевски на средбата потенцираше дека во изминатите денови предлогот од француското претседателство беше дискутиран на консултативни средби со лидерите на владината коалиција, со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите, како и со опозициските партии.

Во рамки на посетата, претседателот на Европскиот совет Мишел ќе присуствува на денешната владина седница, а потоа со премиерот Ковачевски ќе одржат заедничка прес-конференција за медиуми.

ФОТО+ВИДЕО | Пендаровски – Мишел: Прифаќањето на францускиот предлог ќе овозможи отворање на првата фаза од пристапните преговори

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот