ФОТО+ВИДЕО: Какво археолошко богатство крие дното на Охридското Езеро, еве што открија нуркачите од „Амфора“

Подводното културно наследство во Охридското Езеро/Фото: Нуркачки клуб Амфора

Нуркачите од Нуркачкиот Центар АМФОРА од Охрид  во соработка со Завод и Музеј Охрид успешно го реализира проектот „Културно историски знаменитости во Охридското Езеро“.

Во Музејот на вода е поставена информативна табла каде што со скенирање на QR код туристите ќе можат да го погледаат видеото и да се запознаат со Подводното културно наследство во Охридското Езеро.

Подводниот археолошки локалитет Плоча Миќов Град/Фото: Нуркачки центар Амфора

На прикажаното видео можат да се погледаат  Подводниот археолошки локалитет Плоча Миќов Град. Покрај населбата, во близина на локалитетот на 18 метри длабочина поединечни наоди на цели и фрагментирани покривки Лаконски тип на тегули кои како градежен материјал се употребувале во периодот од 6-ти век пр.н.е. па се до 7-ми век наша ера, како и складишни садови – питоси на 5, 34 и 45 метри длабочина, кои според карактеристиките датирани се во периодот на доцната антика (V – VI век, н.е).

Питос/Фото: Нуркачки центар Амфора

Проектот е финансиран Од Општина Охрид и одделението за Туризам и локален економски развој.

Нуркачи од Нуркачкиот клуб Амфора
Подводниот археолошки локалитет Плоча Миќов Град/Фото: Нуркачки центар Амфора
Питос/Фото: Нуркачки клуб Амфора
Фрагментирани покривки Лаконски тип на тегули/Фото: Нуркачки клуб Амфора
Фрагментирани покривки Лаконски тип на тегули/Фото: Нуркачки клуб Амфора

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот