ФОТО+ВИДЕО | Јужниот дел на Италија зафатен од пожари

Фото: EPA

Италија за време на викендот регистрира над 800 пожари, воглавно во јужниот дел на земјата.

– Во изминатите 24 часа пожарникарите имаа повеќе од 800 интервенции: 250 на Сицилија, 130 во Пуљи и Калабрија, 90 во областа Лацио и 70 во Кампања, објави на Твитер италијанската пожарникарска служба.

Исто така, се наведува дека пожарникарите се на терен и во три града на Сицилија.

Италија изминатите денови е погодена од топлотен бран, при што температурите на воздухот се искачија до 40 степени Целзиусови, со што е зголемена опасноста од пожари.

Кон крајот на минатата недела во пожар се уништени 20 000 хектари шума, насади со маслинки и посеви на Сардинија.

EPA-EFE/VIGILI DEL FUOCO HANDOUT
EPA-EFE/VIGILI DEL FUOCO HANDOUT
EPA-EFE/VIGILI DEL FUOCO HANDOUT

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот