ФОТО+ВИДЕО: Источна Кина пред налетот на тајфунот Ин-фа, откажани летови, затворени фабрики

Фото: EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Шангај и соседните крајбрежни региони ги откажаа летовите, го намалија сообраќајот во метрото и ги затворија фабриките поради доаѓањето на тајфунот Ин-фа во текот на денешниот ден.

Фото. EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Тајфунот ја погоди областа Путуо во градот Џушан, големо пристаниште во провинцијата Зехијанг на источниот брег, објави државната телевизија ЦЦТВ, повикувајќи се на кинеската метеоролошка управа.

Невремето ја погоди областа, додека централна Кина се уште се опоравува од рекордните поплави во кои загинаа најмалку 58 лица, се прекина напојувањето со електрична енергија, а повеќе од милион луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.

Фото: EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Брзината на тајфунот Ин-фа беше до 38 метри во секунда, соопшти метеоролошката управа. Тоа е приближно 137 километри на час.

Се очекува да се движи на север, да го помине Шангај и до вечер да стигне до североисточната провинција Џиангсу.

Видео на денот