ФОТО+ВИДЕО | Хаос во Ерменија: Полицијата уапси 60 демонстранти кои бараат оставка од премиерот

Ерменија протест/ Фото Hayk Baghdasaryan / TASS / Profimedia

Ерменската полиција уапси 61 демонстрант додека стотици луѓе маршираа во главниот град Ереван барајќи оставка на премиерот Никол Пашинјан, објавија новинските агенции.

Видео снимките покажаа групи полицајци како апсат среде насилни препукувања со демонстрантите.

Пашинјан се соочи со тешки критики поради тоа што се согласи на прекин на огнот со посредство на Русија по шестнеделната војна во 2020 година, кога Ерменија беше поразена од Азербејџан и изгуби значителна територија во и околу спорниот регион Нагорно-Карабах.

Ерменија протест/ Фото Hayk Baghdasaryan / TASS / Profimedia

Оваа јужнокавкаска земја без излез на море е видена низа протести во последните недели додека се зголемува притисокот врз зафатениот премиер, при што најмалку 92 демонстранти беа приведени минатиот четврток.

Ерменија протест/ Фото Hayk Baghdasaryan / TASS / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот