ФОТО+ВИДЕО: Хаос на Крит, по земјотресот, Турција предупредува за можно цунами

Земјотрес на Крит/ Фото Twitter Screenshot

Земјотресот кој утрово го погоди грчкиот остров Крит урна неколку згради. Според најнови информации, Турција издаде предупредување за цунами, пренесува National News.

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот остров, јави АП. Засега нема информации за штета или повредени.

Атинскиот геодинамички институт соопшти дека земјотресот се случил во 9:17 часот по локално време, а епицентарот бил на 246 километри југоисточно од Атина.

Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар и Геолошкиот институт на САД дадоа прелиминарна јачина од 6,0 степени, со епицентар на седум километри северно од селото Трапсано.

Вообичаено е различни сеизмолошки институти да даваат различни јачини на земјотресот во почетните часови и денови по настанот.

Силен земјотрес го стресе Крит

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот