ФОТО+ВИДЕО | Гвинет Палтроу на суд: Прегазила лекар со скиите, тој бара милиони отштета

Гвинет Палтроу во судница / 21 март 2023 / Фото: EPA-EFE/Rick Bowmer

Холивудската актерка и претприемачка Гвинет Палтроу се појави во судница во Парк Сити, а пресудата за случајот од 2016 година се очекува следната недела.

Гвинет Палтроу
Фото: EPA-EFE/Rick Bowmer

Палтроу на 21 март, облечена во бел пуловер, со дискретна шминка и пуштена коса, пристигнала во судницата во Парк Сити, каде пред поротата започна судењето во приватната тужба што против неа ја поднесе доктор Тери Сандерсон, офталмолог, со кого во 2016 година се судрила на скијачката патека во Дер Вали.

Обвинителот тврди дека славната актерка го „собрала“ на патеката и дека тој од ударот и последователниот пад се здобил со повреди кои неповратно му го нарушиле квалитетот на живот и од неа бара отштета во износ од 3,1 милион долари.

Тери Сандерсон првично ја тужеше Палтроу за инцидентот во 2019 година за 3,1 милиони долари – тој подоцна ја измени жалбата, на крајот барајќи 300.000 долари.

Според приложената медицинска документација, тој се здобил со повреди на мозокот, скршени му се четири ребра, а поради душевната болка и страдањето не може да продолжи со нормалниот живот.

Гвинет Палтроу
Фото: EPA-EFE/Rick Bowmer

Сандерсон понатаму тврди дека Гвинет Палтроу побегнала од местото на несреќата, бидејќи по судирот „станала и заминала скијајќи, што дополнително го шокирало Сандерсон кој повреден лежел во снегот на патеката“. Покрај тоа, се наведува дека инструкторот за скијање, кој ја придружувал актерката – но не го видел судирот на патеката – подоцна лажно го обвинил Сандерсон дека ја предизвикал несреќата.

Фото: EPA-EFE/Rick Bowmer

Според правилата на ски-центрите во државата Јута, оние кои скијаат напред имаат предност, додека оние што доаѓаат зад нив со поголема брзина мора да внимаваат на нив и да ги избегнуваат. Сандерсон тврди дека Гвинет Палтроу се спуштала по патеката со неконтролирана брзина и дека воочи судирот ја слушнал како хистерично вреска.

Тужбата со барање за милионска отштета е поднесена во 2019 година, а судењето се очекува да трае осум дена.

Гвинет Палтроу повикана на суд: Актерката повредила пензионер при скијање

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот