ФОТО+ВИДЕО | Големо невреме во Канада: Четири лица загинаа, а 900 000 домаќинства останаа без струја

Фото: Profimedia

Четири лица загинаа, а 900 000 останаа без електрична енергија во провинциите Онтарио и Квебек во силните бури кои ја погодија источна Канада.

Полицијата во Онтарио преку Твитер соопшти дека тројца загинале, а повеќе се повредени во летна бура. Четврто лице, жена на 50-годишна возраст, се удави кога нејзиниот чамец се преврте под удар на бура во реката што ја дели Отава од предградијата на Гатино, објави Радио Канада извештај од локалната полиција.

Покрај тоа, речиси 900 000 домаќинства во источна Канада сè уште беа без електрична енергија во саботата навечер по локално време, од кои околу 340 000 во Онтарио и 535 000 во Квебек, според локалните енергетски компании Хидро Уан и Хидро Квебек.

Фото: Justin Tang / Zuma Press / Profimedia
Фото: Tang Justin/Canadian Press/ABACA / Abaca Press / Profimedia
Фото:: Canadian Press / Shutterstock Editorial / Profimedia

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот