ФОТО+ВИДЕО | Еруптираше вулкан на Планината Асо во Кумамото

Фото: EPA-EFE/JAPAN METEOROGICAL AGENCY HANDOU

Вулканот Накадаке на Планината Асо во централниот дел на јапонската област Кјушу денеска еруптираше.

Во 11.43 часот, по локално време, почна да излегува час од врвот на Планината Асо, во префектурата Кумамото. Метеоролошката агенција издаде предупредување за луѓето кои се во планинското подрачје.

Агенцијата потврди дека пирокластичните текови достигнале повеќе од еден километар од кратерот. Таа издаде предупредување и го зголеми нивото на вулканска тревога на 3 на скалата од 5 степени.

Агенцијата ги повикува луѓето во близина на кратерот да бидат подготвени за големи протоци на гасови. Пирокластични текови може да се појават во радиус од околу два километри.

Луѓето во близина треба да сторат сѐ што можат за да ја осигураат нивната безбедност.

Фото: EPA-EFE/JAPAN METEOROGICAL AGENCY HANDOU
Фото: EPA-EFE/ASO CITY HALL HANDOUT JAPAN OUT EDITORIAL USE ONLY

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот