ФОТО+ВИДЕО: Експлозија на воен автобус во Сирија, 13 мртви

Експлозија на автобус во Сирија/ Фото EPA-EFE/Syrian Arab News Agency

Во експлозија на воен автобус во центарот на Дамаск загинале 13 лица, а тројца се повредени, објави сириската државна телевизија, пренесува Ројтерс.

Две експлозивни направи експлодирале кога автобусот бил на мостот Хафез ал Асад, се наведува. Третиот уред беше деактивиран од воена инженерска единица.

Обединетите нации наведуваат дека најмалку 350.000 луѓе загинале во граѓанската војна што започна пред 10 години по протестот против сирискиот претседател Башар ал Асад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот