ФОТО+ВИДЕО | Џо Бајден ги одликуваше Брус Спрингстин, Џулија Луис-Драјфсус и Вера Ванг со Национални медали

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа ги додели Националните медали за уметности и одликуваше повеќе повеќе уметници и филантропи за нивниот придонес во американското општество.

Меѓу одликуваните се најде и рок-музичарот Брус Спрингстон, кому Бајден, алудирајќи на песната „Born To Run“, шеговито му рече: „Брус, некои луѓе, едноставно, се родени да трчаат“.

Брус Спрингстин и Џо Бајден / 21 март 2023 / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Комичарката Џулија Луис-Драјфус, чија телевизиска серија „Veep“ ја прикажува потпретседателската позиција, должност на која беше и самиот Бајден во минатото, беше една од оние кои беа одликувани со Национален медал за уметности.

„Таа го прифаќа животниот апсурд со апсолутна духовитост и се справува со вистинските пресврти во животот со апсолутна благодат. Таа е мајка, таа преживеа рак, таа е пионер во комедијата, таа е американски оригинал“, рече Бајден за Луис-Драјфус.

Џулија Луис-Драјфус и Џо Бајден / 21 март 2023 / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Актерката Минди Калинг, која беше една од главните ѕвезди на познатиот ситком „The Office“, исто така, доби Национален медал за уметности.

Минди Калинг и Џо Бајден / 21 март 2023 / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Кога Бајден го претстави романсиерот Колсон Вајтхед пред публиката, претседателот нагласи дека писателот е двократен добитник на Пулицерова награда, американска награда која се смета за највисоко признание во областа на новинарство во печатените медиуми, литературни достигања и музичка композиција.

„Ќе пробам и јас да победам двапати по ред“, рече Бајден, алудирајќи на своите амбиции повторно да се кандидира на претседателските избори во 2024 година.

Колсон Вајтхед и Џо Бајден / 21 март 2023 / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Меѓу останатите добитници на Националните медали се најдоа и пејачката Гледис Најт, модната дизајнерка Вера Ванг, историчарот Волтер Исаксон и писателите Ејми Тан, Ен Пачет и Тара Вестовер, меѓу другите.

Гледис Најт и Џо Бајден / 21 март 2023 / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS
Вера Ванг и Џо Бајден / 21 март 2023 / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS
Волтер Исаксон и Џо Бајден / 21 март 2023 / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS
Ејми Тан и Џо Бајден / 21 март 2023 / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS
Ен Пачет и Џо Бајден / 21 март 2023 / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS
Тара Вестовер и Џо Бајден / 21 март 2023 / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот