ФОТО+ВИДЕО | Џенифер Лопез ја потврди свршувачката со Бен Афлек: Прстенот има посебно значење

Џенифер Лопез и Бен Афлек: Инстаграм, принтскрин

Џенифер Лопез беше уловена од папараци при купувањето на мебел во Лос Анџелес со својата ќерка Ема и поради прстенот на нејзината рака поттикна гласини дека повторно се верила со актерот Бен Афлек.

ФОТО: Се верија Бен Афлек и Џенифер Лопез?

Таа на својот инстаграм-профил објави видео кое води до нејзината официјална веб-страница и во кое ја потврдува свршувачката со Бен Афлек.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Џенифер го покажа прекрасниот веренички прстен во видео од 13 секунди – без никаков знак од нејзиниот вереник Бен(49). Видеото започнува со црн екран со поглед на нејзиниот прстен, пред камерата да се придвижи кон нејзиното лице. Џеј Ло видно ги брише солзите радосници додека се восхитува во својат смарагд.

Во претходен билтен на нејзината веб страница, Џеј Ло ја објасни симболиката на зелената боја.

„Секогаш велам дека зелената боја е мојата среќна боја“, напиша еднаш Лопез (52), покажувајќи на фустанот од модната куќа Версаче во кој го носеше на Греми во 2000 година. „Можеби можете да се сетите на одреден зелен фустан“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rocco Petragallo (@iammuriel_)

„Сфатив дека има многу моменти во мојот живот каде што се случија неверојатни работи кога бев облечена во зелена боја“, продолжи таа.

Обновената врската на Бенифер ги изненади обожавателите. Тие се обединија повторно во мај 2021 година – 17 години по нивната неуспешна свршувачка. Во април 2021 година, Џенифер го потврди крајот на нејзината врска со Алекс Родригез, откако беа во врска четири години и беа свршени две години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот