ФОТО+ВИДЕО | Џенифер Гарнер го покажа раскошниот дом вреден 8 милиони долари: Изграден „од нула“ по разводот со Бен Афлек

Џенифер Гарнер / Фото: Принтскрин / Јутјуб

Џенифер Гарнер ѝ даде на јавноста ретка можност да ѕирне во нејзиниот приватен живот, отворајќи ја вратата на својот прекрасен дом во Лос Анџелес вреден 8 милиони долари, кој е изграден и уреден по нејзин вкус.

По веста за разводот на нејзиниот поранешен сопруг Бен Афлек од Џенифер Лопез, 52-годишната холивудска ѕвезда откри дека таа и нејзините три деца наоѓаат засолниште и мир на овој прекрасен имот.

За разлика од домот вреден 68 милиони долари што Афлек и Лопез го купија на почетокот на нивниот брак, куќата на поранешната сопруга на Афлек е подалеку од силниата светлина на Холивуд, давајќи ѝ приватност и мир.

„Јас сум некој што многу внимава на приватноста на мојот дом, но еве, штотуку те прошетав низ целата куќа, и тоа од неколку причини“, објаснува таа за „Aрхитектјурал дајџест“.

Фото: Принтскрин / Јутјуб

„Никогаш претходно не сум уредувала ништо и сум горда на резултатот. Јас сум исполнета со благодарност секогаш кога влегувам во мојата куќа, што можам да живеам овде, среќна сум што поминувам време со моите деца во оваа средина. Ова не е типично за мене, но сепак сум многу среќна што можам да го споделам со вас“, рекла Џенифер.

Поради љубовта кон готвењето, Гарнер вели дека трпезаријата многу ја користат и таа и нејзините деца – иако не секогаш како место за собирање и јадење.

„Ја поставив вратата за трпезаријата да може да биде и сала за состаноци. И всушност, имам многу состаноци овде, работам од дома кога не сум на снимање“, објаснила актерката.

Џенифер покажа многу делови од куќата, но не и собите на нејзините деца. Сепак, таа гордо ја пофали таканаречената „соба горе“ каде нејзините деца можат да угостат многу пријатели.

„Ова е како просторија за остварување на моите соништа, бидејќи сакам кога децата прават забави и ноќеваат кај нас, иако понекогаш има деца буквално насекаде“, додала таа.

Фото: Принтскрин / Јутјуб

За столаријата која се наоѓа во секоја соба избрала комбинација од посветло и потемно дрво, но не се оддалечила од дополнителна декорација. На пример, еден агол од домот, кој изгледа како мини-работна соба, има ѕидови обоени како ноќното небо со ѕвезди, додека просторот за читање и одмор, каде што се наоѓа нејзината библиотека, има шарени, мозаични прозорци.

Со оглед на тоа дека семејството обожава да чита, Џенифер покрај домашната библиотека создала и неверојатна соба во стилот на Хари Потер под скалите, која нејзиниот син ја користи како „канцеларија“.

„Ова е мало место каде може да влезе и да сонува. Најмногу се крие од мене и јаде слатки, но не можам да го обвинам. И јас би го направила истото“, рекла Џенифер.

Инаку, познатата актерка во 2019 година го купила земјиштето на кое изградила куќа со базен и двор за речиси осум милиони долари и оттогаш работи на него. Секоја соба зборува за себе и е различно уредена. Таа откри дека сака нејзиниот дом да изгледа малку винтиџ, но и кул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот