ФОТО+ВИДЕО | Душко Тошиќ го прослави роденденот со пријатели, а Карлеуша и децата ги спакуваа куферите

јелена карлеуша, душко тошиќ
Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Српската ѕвезда Јелена Карлеуша секоја година се трудела роденденот на својот сопруг Душко Тошиќ да биде посебен.

За прославата на неговиот 36-ти роденден, таа му приреди забава за паметење, а сите медиуми од регионот со денови пишуваа за истата.

Семејно насилство наместо семејна прослава: Јелена Карлеуша го пријавила сопругот Душко Тошиќ на Божиќ

Иако тие и тогаш беа во центарот на вниманието на јавноста поради неговата наводна афера со поранешната сопруга на пејачот Предраг Јовановиќ Близанац, Ана Јовановиќ.

„Жал ми е што Душко е вовлечен во калта и што поради болната омраза кон мене се пишуваат лаги за него кој отсекогаш бил лојален, семеен човек, чесен, без дамки. Овојпат реши да тужи. Доста беше“, во тој период изјави Јелена, а иако се чинеше дека ја надминаа и таа криза во нивниот брак, новата година донесе нови проблеми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dusko Tosic (@duskotosic)

Да потсетиме, во нивниот дом овој Божик се одвивала вистинска семејна драма, Душко наводно ѝ удрил шлаканица на Јелена за време на семејниот ручек, поради што му било одредена забрана за приближување во траење од 30 дена.

Очигледно, оваа година нема да добие подарок од Јелена, а судејќи по нивните објави на социјалната мрежа „Инстаграм“, Душко вчера денот го поминал со пријателите, а Јелена пак решила да го напушти Белград.

Таа објави видео на кое се гледа дека е на пат со својот пријател и менаџер Зоран Бирташевиќ, а со севе си ги зела и двете ќерки Атина и Ника, мудро не откривајќи каде заминале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот