ФОТО+ВИДЕО | „Деколтето ѝ е несоодветно за годините“: Ќерката на Викторија Бекам пристигна разголена на настан, доби критики за изгледот
Британската модна дизајнерка Викторија Бекам е синоним за префинет моден вкус, а нејзината 13-годишна ќерка Харпер веќе тргна по нејзините чекори, посветувајќи внимание на креациите кои ги носи.
Наследничката на Бекамови привлече големо внимание уште пред неколку месеци, со фустанот кој го носеше за јубилејниот роденден на мајка ѝ, а сега повторно стана главна тема во модните медиуми.
Имено, Харпер ѝ беше придружба на мајка ѝ Викторија на доделувањето на наградите за Жена на годината во организација на списанието „Харперс базар“, каде ѝ беше доделена наградата претприемач на годината.
„Победничката во оваа категорија е жена која отсекогаш ми била пример. Таа изгради неверојатен бизнис и ми ја покажа вредноста на напорната работа, на тоа да се има големи соништа и да се има високи критериуми“, изјави Харпер, пред да ја најави мајка ѝ и да ѝ ја врачи наградата.
Девојчето пристина на настанот во долг свилен фустан со прекрасна небесно сина боја. Иако изгледот ѝ беше елегантен, многумина сметаат дека деколтето ѝ било несоодветно за возраста. Што се однесува до фризурата, косата ѝ била права и пуштена, а на комбинацијата ја дополнила до бели сандали со потпетици.
ФОТО | „Морничави фотографии“: Дејвид Бекам ги згрози фановите со однесувањето кон ќерка му