ФОТО+ВИДЕО | ЦУК на терен: Нивото на реката Вардар е драстично покачено во Аеродром

Фото: ЦУК

По телефонска дојава од страна на граѓани на 195, а и до директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, дека во Општина Аеродром, кај мостот во градба лоциран до хотел „Русија“, нивото на реката Вардар е драстично покачено, Центарот за управување со кризи веднаш контактираше со одговорните лица на Град Скопје, Општина Аеродром, МВР и Дирекцијата за заштита и спасување, а и други субјекти од Системот за управување со кризи, известуваат од ЦУК.

– Информацииите се пренесени веднаш и од истите е побарано веднаш да излезат и да се упатат на терен на местото на настанот за да се направи соодветна проценка за можноста од евентуално поплавување и соодветно да се реагира. Институциите се на терен, а местото и лично го посети и директорот на ЦУК, Ангелов. Истовремено, се повикани и надлежните од фирмата изведувач на проектот, за да се произнесат во однос на потребата од превземање на соодветни мерки за надминување на проблемот ако е потребно и со отстранување на делумните препреки на десната страна од речното корито, како и со дополнителни превентивни активности. Надлежните од Општина Аеродром и од Град Скопје ќе бидат во континуиран контакт со ЦУК со информации за превземените мерки и активности, велат од ЦУК.

Како што велат од ЦУК, над мостот, конкретно над препреките од десната страна на коритото, зголемениот водостој на реката предизвикува заезерување и е на самата граница на висината на максималната кота на кејот, на потегот од мостот во градба до ПИОМ. После препреката, текот на реката во речното корито е забрзан и бучен, но потоа текот на реката и коритото е во нормална состојба.

– Информациите што ЦУК ги доби говорат дека денеска при изведување на работни активности на градба на мостот, фирмата иведувач на работите најверојатно за потребите на градбата има попречено дел од речното корито со што директно се влијае на намалување на капацитетот на протокот на водата во речното корито, се вели во соопштението на ЦУК.

Фото: ЦУК
Фото: ЦУК
Фото: ЦУК

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот