ФОТО+ВИДЕО | Ценсори ја покажа сестра си: Бјанка е пак со гол задник, а не знаеш која е пожешка!

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Архитектката Бјанка Ценсори е во брак со раперот Канје Вест две години. Нејзиниот татко повеќепати јавно кажа дека не ја поддржува нивната врска, но изгледа дека ситуацијата не е иста и со сестрата на Бјанка, Анџелина.

Анџелина Ценсори, сестрата на Бјанка Ценсори, сега објави фотографија со Бјанка на Инстаграм. Бјанка носела краток кафеав топ во комбинација со танга, додека Анџелина позирала во бела маица и шорц. Анџелина исто така објави фотографија на која Бјанка позира сама, а одзади се гледа нејзиниот „гол“ стајлинг.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Интернетот гори“, „Прекрасни сте“, „Ми го одземате здивот“, „Омажи се за мене“, се само дел од коментарите под фотографиите.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Пред неколку дена, Канје Вест организираше забава за слушање на неговиот нов албум „Vultures 2“, на кој имаше соработки со музичари како Скепта, Кодак Блек, Песо Плума и Тревис Скот. На забавата беа присутни Бјанка и нејзината сестра Анџелина. Бјанка повторно се појави оскудно облечена.

Снимката од таа вечер исто така предизвика бура на социјалните мрежи, а странските медиуми и овој пат не беа љубезни кон сопругата на Канје Вест.

 

Канје и Бјанка веќе некое време го привлекуваат вниманието со своите необични јавни појавувања. Канје често се појавува целосно покриен во црна облека, додека Бјанка носи мошне малку облека, која често е проѕирна. Поради ова често се мета на критики, а неодамна поради тоа добија забрана за влез во некои ресторани.

ФОТО+ВИДЕО | „Немаш себепочит“: Сопругата на Канје Вест ги покажа градите среде ресторан

ФОТО | Бјанка Ценсори повторно се шета речиси гола по улиците на Лос Анџелес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот