ФОТО+ВИДЕО Цел свет шокиран од однесувањето на Меган: Пие млеко од детско шише и сака „жешко“

Меган Маркл ја изненади јавноста пиејќи млеко од бебешко шише за време на скриената камера и нарекувајќи се себеси „мајка која сака луто“.

Меган Маркл гостуваше во емисијата на Елен Деџенерис и по тој повод зборуваше за среќниот живот во Калифорнија со принцот Хари и со децата. Меѓутоа, никој не очекуваше да ја види војвотката во хумористичното издание коешто го прикажа за време на скриената камера што ѝ ја подготвила водителката.

Токму поради тоа, британските медиуми ја оценија хумористичната постапка на Меган како уште еден обид да се дистанцира од кралското семејство.

Во текот на гостувањето Меган излегла од студиото за да приреди „претстава“ со продавачите на паркингот, а морала да ги следи упатствата кои Елен ѝ ги кажувала преку скриената слушалка во увото.

За да потврди дека може да ја слушне, Меган прво морала да ги допре својот лакот и носот па да направи едно клекнување, а за тоа време еден од продуцентите им пришол на продавачите за да ги извести дека Меган сака да види што нудат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ellen DeGeneres (@theellenshow)

– Јас сум главниот асистент на Меган Маркл и таа е тука денес, па би сакала да купи нешто. Таа сака нормално да ја третирате. Не обидувајте се да се однесувате поинаку кон неа, само бидете сосема нормални – им објаснил на продавачите продуцентот кој лажно се претставувал.

Потоа Меган му пришла на првиот продавач и почнала да ги разгледува кристалите на штандот, а Елен ѝ наредила да стави еден на главата и да стенка.

– Ќе го ставам ова на својата глава – ѝ рекла Меган на продавачката додека го земала кристалот, а потоа ги затворила очите и додала.

„Ова е прекрасно“.

Кога дошла кај следниот продавач кој продавал лути сосови, Меган морала да скока од возбуда.

– Дадете ѝ на мама да проба. Мојат сакан обожава лут сос – му рекла Меган на продавачот, а кога тој ѝ го подал чипсот со сосот, таа морала да грицка како верверица.

– Ова не е зачинето. Дајте ми нешто навистина луто, мама сака малку жешко – рекла Меган.


Елен потоа ја замолила Меган другиот чипс со сосот „да го бутне во устата“, па да се преправа дека многу ѝ е луто и попатно да пее за тоа.

„На мама ѝ треба млеко“, извикала таа, а потоа од чантата извадила бебешко шише млеко и почнала да пие, поради што продавачот бил видно зачуден.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот