ФОТО+ВИДЕО | Берлускони се „ожени“ со 52-години помладата соработничка: Неговите деца не се воодушевени

силвио берлускони
Силвио Берлускони и неговата партнерка Марта Фасцина / Фото: EPA-EFE/Принтскрин Јутјуб

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони со „симболична“ венчавка стапи во брак со својата 53-години помлада партнерка Марта Фасцина, членка на неговата партија Форца Италија, пишува „Дејли мејл“.

Се појавија снимки од раскошната прослава на 85-годишниот Берлускони и 32-годишната Марта во историскиот имот Вила Гернето во градот Лесмо, северно од Милано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fashion Cricket (@fashioncricket)

Иако церемонијата многу наликуваше на свадба, парот официјално не се венчал поради спор околу наследството во семејството. Имено, петте возрасни деца на Берлускони биле огорчени од намерата на нивниот татко да се омажи со 53-години помлада избраничка, давајќи ѝ право на дел од богатството кое се проценува на повеќе 7.2 билиони долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marta Fascina (@mf9milan)

Берлускони ја започна романсата со Марта откако ја раскина врската со 34-годишната Франческа Паскале во 2020 година.

Силвио Берлускони и неговата партнерка Марта Фасцина / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Фасцина има дипломирано калабриска книжевност и има повеќе од 16.000 следбеници на социјалната мрежа „Инстаграм“, каде што најчесто објавува политички содржини.

Да потсетиме, поранешниот премиер беше вмешан во неколку секс скандали со проститутки, а сè уште му се суди за поткуп на сведоци во случајот со малолетничка проституција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот