ФОТО+ВИДЕО | Бајден: Одлуката за абортусот ја врати Америка 150 години наназад

Џо Бајден
/ Фото: EPA-EFE/Oliver Contreras

По повод одлуката на американскиот Врховен суд за абортусот, американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ова е тажен ден за земјата и вети дека ќе направи сѐ што е во негова моќ за да ги заштити правата на жените.

„Одлуката на Врховниот суд буквално ја врати Америка 150 години наназад, бидејќи ги постави државните закони од 1800-те кои го криминализираат абортусот како објаснување“, рече Бајден во обраќањето во Белата куќа, откако Врховниот суд ја укина пресудата стара 50 години со која беше легализиран абортусот низ целата држава.

Џо Бајден / 24 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/Oliver Contreras

Тој додаде дека Врховниот суд им го одзел уставното право на Американките, пренесува Си-Ен-Ен.

„Не го ограничија, едноставно го одземаа. Ова е тажен ден за судството и земјата“, рече Бајден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот