ФОТО+ВИДЕО | Австралија не спие: Од среде ноќ до раните утрински часови се слави осминафиналето

Фото: EPA-EFE/CON CHRONIS

Репрезентацијата на Австралија вторпат во својата историја се пласираше во осминафиналето на едно Светско првенство. Пласманот Австралија го обезбеди откако денес со 1:0 ја победи селекцијата на Данска.

Херој на Австралија беше Леки кој го постигна одлучувачкиот гол во второто полувреме. Австралија во осминафиналето продолжува со две победи и шест бода. Сега го чекаат својот противник од групата Ц каде што ќе играат со првопласираниот (Полска, Аргентина, Саудиска Арабија и Мексико).

Пласманот на Австралија донесе вистинска еуфорија, па во земјата на „кенгурите“ се снимени неверојатни сцени во 3:30 часот по локално време, а прославата сигурно ќе продолжи и до раните утрински часови.

Фото: EPA-EFE/CON CHRONIS
Фото: EPA-EFE/CON CHRONIS
Фото: EPA-EFE/CON CHRONIS
Фото: EPA-EFE/CON CHRONIS

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот