ФОТО+ВИДЕО | Арсовска: Со брзи и ефикасни решенија ќе им покажеме на младите дека местото им е тука

Данела Арсовска
Данела Арсовска / Фото: Фејсбук, Данела Арсовска

Мојата визија за Скопје предвидува создавање систем на модерна инфраструктура и овозможување на современи услови за учење за нашите деца. Мора да имаме услови за одржување на образовниот процес за младите и тие тоа го заслужуваат во 21 век. Со брзи и ефикасни решенија ќе им покажеме на сите наши млади дека местото им е тука дома и дека треба да останат во Скопје, нагласи кандидатката за градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска на денешната прес-конфенреција.

Таа истакна дека во Аеродром мора да има гимназија и најави дека таа конечно ќе се изгради.

– Потребни ни се нови објети за средните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Лазар Танев“. Ќе спроведеме проект и објект за изградба на нова градска библиотека во Аеродром, а паралелно на тоа ќе се модернизира и реконструира постоечката градска бибиотека „Браќа Миладиновци“. Планирано е со општините во градот Скопје просторно обезбедување на читални во секоја од општините.Предвидуваме изградба на мултифункционални игралишта и спортски центри во средните училишта. Мора да има и зајакната финансиска поддршка и за сите оние талентирани ученици кои ги имаме и треба да ги цениме. Ќе го финансираме настапот на научни, на спортски олимпијади за средношколците и за сите млади во градот Скопје. За оние средношколци коишто се во социјален ризик или со попречености ќе дадеме финансиска поддршка во вид на стипендија, нагласи Аросовска.

Таа додаде дека во модернизирањето на образовниот процес нема да бидат заборавени и наставниците.

– Сакаме да креираме едно поле на натпревар во средните училишта, а тоа можеме да го направиме единствено ако има стимулативни мерки за сите коишто учествуваат во образовниот процес. Ќе вложиме не само во основни нагладни средства, туку и во информатичка опрема за секој ученик со која што ќе може да располага и секој наставник. Ќе им помогнеме на младите претприемачи. Во рамки на МКЦ преку процес на социјално претприемништво и во соработка со НВО ќе започне со работа Центар за младинско претприемништво, најави Арсовска.

Околу критиките од нејзиниот опонент Петре Шилегов, таа коментираше дека тој во досегашниот мандат не ги остварил неговите ветувања.

Околу најавите за зголемување на минималната и просечната плата, Арсовска посочи дека прво треба да разбере што подразбира концептот за минимална плата.

– Концептот подразбира дека сакате да им овозможите минимум квалитетни услуги на луѓето за да живеат. Ако тоа е направено вештачки без надвор да имате услови за луѓето да можат да имаат поквалитетно деловно опкружување, за да можат да дозволат да поделат минимална плата која е висока колку сега ние ништо не сме направиле. Ние во држава која не се бори со сивата економија, со корупцијата, со криминалот каде претпријатијата едвај преживуваат зборуваме за концептот на минимална плата, ако правите вештачки знаете што ќе се случи? Истото како порано – за да може да се подели на еден повисока плата, вториот се брка од работа, нагласи Арсовска.

Таа потенцираше дека не е целта ниту еден човек во Северна Македонија да остане без своето работно место.

– А тоа се случуваше и го гледавте сите, и по погоните и секаде. Концептуално вие треба да направите подобри услови за работа и за деловно опкружување за секој да си дозволи плата онолку колку што сака, 14 илјади и 500 или сега 15 илјади денари не е плата достојна за живот, посочи Арсовска.

Таа потенцираше дека може да се воведе и 500 евра минимална плата, меѓутоа, како што нагласи, тоа не значи дека луѓето ќе земат 500 евра плата.

– Јас зборувам од името на микро и малите претпријатија, таму нема олигарси, таму нема богаташи кои да ви кажам се изживуваат врз вработените. Микро и малите претпријатија делат плата на себе. Кога тој човек нема услови да си подели плата на себе, значи верувајте дека концептот што се нуди со насилно менување на законите кога надвор немаме воопшто услови за да може да се подели такво нешто дека не е во ред. Нека зборуваат малку за сива економија. Сива економија имаме 40 посто во државава, криминал цвета, корупција цвета. Со вакво манипулирање на луѓето дека некој бил против нешто и сечење на првиот сегмент од речениците на никој не му носи успех. Јас знам што зборувам, јас се борам за микро и малите претпријатија веќе 15 години. Тој што се бори за олигархијата и тој што работи за олигархијата тој е тој кој треба да ги одговори овие прашања. Надвор луѓето немаат пари леб да си купат, заклучи Арсовска.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот