ФОТО+ВИДЕО: Алиоски промовиран како нов фудбалер на Ал-Ахли

Алиоски ја носи Македонија чекор поблизу до мундијалскиот бараж/Фото: EPA-EFE/Peter Dejong

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски ја продолжува кариерата во Саудиска Арабија каде што потпиша за Ал-Ахли, клубот од Џеда.

После настапите во Лидс нашиот играч одлучи да се пресели во редовите на Ал-Ахли со кој потпиша договор на две години.

Пред да се пресели во Англија настапуваше уште за Јанг Бојс У23, Шафхаузен и Лугано. За најдобрата македонска репрезентација настапи летово на Европското првенство.

Според најавите новата натпреварувачка сезона во Саудиска Арабија ќе стартува идната недела.

Алиоски беше пречекан со букет цвеќе од главните луѓе на екипата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот