ФОТО+ВИДЕО | Александра Јанева со нова песна „Глумиме“: Се инспирирав од навредлива порака од лажен профил

александра јанева
Александра Јанева / Фото: Принтскрин/Инстаграм/Јутјуб

Младата пејачка Александра Јанева јавноста ја памети по победата на музичкото шоу „Сите наши песни“ во 2013 година и на фестивалот „Макфест“ во 2013 и 2016 година.

Публиката и музичките познавачи коментираа дека „Макфест“ со „Врати ми го сонцето“ во 2013 година добил една од најдобрите песни победнички во последните 15 години. Додека, пак, во 2016 година Александра победи со песната „За сто години“.

На официјалниот јутјуб-профил на Александра осамна нејзината нова песна „Глумиме“ за која пејачката објави и видео спот.

александра јанева
Александра Јанева / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Имено, таа била „инспирирана“ од еден корисник на социјалните мрежи кој од лажен профил ѝ оставил навредлив коментар.

„Инспирацијата за песната „Глумиме“ дојде по една необична порака која ја добив во инбокс, од лажен профил. Се насмеав на пораката и првото нешто што ми дојде на памет беше колку им е забавно на поединци да ѕиркаат во туѓи животи. И така почнав да си реплицирам, со рефрен за нова песна. Инаку за неколку дена и јавно сакам да ја објавам пораката која ја добив, сметам дека мојата публика треба да го види тоа“, откри пејачката.

Рефренот на новата песна на Александра гласи „Сите можеме да глумиме и туѓи животи да судиме, но каков живот имаш ти, кажи ми?“ и истиот алудира токму на оние „љубопитни“ луѓе кои повеќе се занимаваат со туѓите, отколку со сопствените животи.

Музиката и текстот на песната се дело на Александра Јанева и Лазар Цветкоски кој воедно го направил и аранжманот, а се потпишува и како продуцент. Режисер на видео спотот повторно е Ѓорѓи Вацев со кого веќе имаат одлична соработка..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот