ФОТОГАЛЕРИЈА | Актери кои загинале во текот на снимање: Жива изгорела во автомобил, застрелан со куршум, прегазена со воз…

Утрово одекна веста за трагедијата што се случила на снимањето на филмот „Рѓа“ (Rust), во која холивускиот актер Алек Болдвин пукајќи со реквизитен пиштол случајно ја убил директорката на фотографија Халина Хачинс, а го ранил режисерот на филмот Џоел Соуза.

Филмскиот свет е во шок по немилиот инцидент.

За жал, ова не е единствениот трагичен случај што се случил во текот на снимањето на филмовите и сериите.

Ова се само дел од познатите актери и филмски работници кои трагично го загубиле животот среде снимање.

Брендон Ли – „Гавран“

the crow - brandon lee - shelley webster | lpvva1 | Flickr

Фото: Flickr

Најпозната несреќа на сет секако е смртта на славниот Брендон Ли, синот на славниот Брус Ли. Брендон Ли трагично страдаше во 1993 година за време на снимањето на филмот „Гавран“. Во една сцена, наместо со ќорци бил погоден со вистински куршум од реквизитен пиштол, поради што Брендон починал на патот кон болницата. Во моментот на неговата смрт, останале само осум дена до крајот на снимањето. Брендон Ли во моментот на смртта имал 28 години.

Снимањето на филмот било при крај, а Брендон снимал сцени во кои неговиот лик умира кога поради грешката на екипата за реквизити се случила трагедијата. Имено, во пиштолот кој требало да биде наполнет со лажни куршуми, ќорци, имало вистински куршум. Истиот пиштол бил користен претходниот ден, на сетот кога морало да биде наполнет со вистински куршуми. Еден останал во цевката и токму тој куршум го убил Брендон Ли. Го убил статистот Мајк Масе, кој не бил обвинет, но поминал една година борејќи се со депресијата, за на крајот да се откаже од глумата.

Вик Мороу – „Зона на самракот“

\

Фото: Википедија

Актерот Вик Мороу и две деца на возраст од шест и седум години загинале за време на снимањето на овој филм, откако врз нив паднал хеликоптерот од кој се снимала сцената. Хеликоптерот летал ниско и бил погоден од експлозија на пиротехника, при што роторот му ја отсекол главата на Мороу.

Режисерот Џон Лендис и уште четворица членови на филмската екипа биле ослободени од обвиненијата за убиство од небрежност, а семејството на убиените деца кои глумеле во филмот дури години подоцна ги завршиле своите граѓански спорови.

Џон Ерик Хексум – „На тајна задача“

Уште еден трагичен случај се случил на снимањето на американската ТВ-серија „На тајна задача“, на 2 октомври 1984 година, кога 26-годишниот актер Џон Ерик Хексум се усмртил самиот себе со помош на пиштол 44 магнум, кој бил наполнет со ќорци.

Неговата смрт била случај на несреќни околности, бидејќи актерот, како што пренесуваат странските медиуми, сам си го вперил пиштолот во главата.

„Можете ли да поверувате во оваа глупавост?“, рекол актерот откако дознал дека снимањето на серијата ќе продолжи.

По оваа реченица, го повлекол прекинувачот од пиштолот и си пукал во глава. Силниот удар на куршумот предизвикал фрактура на черепот, при што четвртина од коската удрила во мозокот, предизвикувајќи масовно крвавење.

Набргу по овој инцидент, актерот итно бил префрлен во медицинскиот центар Беверли Хилс, во животна опасност. Иако операцијата траела пет часа, лекарите не успеале да му го спасат животот. Починал на 18 октомври 1984 година.

Сара Џонс – „Полноќен јавач“

Sarah_Jones

Фото: Фејсбук

Асистентката на снимателот Сара Џонс била убиена во февруари 2014 година во текот на снимањето на филмот за Грег Алман во Џорџија кога ја удрил воз.

Продукцијата немала дозвола за снимање на железничка пруга, а обвинителите поднеле кривична пријава против режисерот Рандал Милер, кој се изјаснил за виновен за убиство од небрежност. Тој бил ослободен откако отслужил половина од двегодишната затворска казна, а неговата компанија морала да плати казна од 74.900 долари.

Марта Менсфилд – „Воренс од Вирџинија“

Martha Mansfield (Models blouse and skirt of white satin) - PICRYL Public Domain Search

Фото: Picryl

Бизарна смрт на Марта Менсфилд, sвездата на немите филмови. Во далечната 1923 година, актерката седела во автомобил со колегите и пријателите по снимањето на филмот „Воренс од Вирџинија“, а потоа се случила страшна несреќа. Еден од присутните запалил цигара и фрлил чкорче кибрит кој паднал врз фустанот на Марта, изработен од лесно запаливи материјали. Несреќната актерка за секунда се претворила во огнен факел, а и покрај брзата реакција, таа починала следниот ден во болницата, на само 24 години.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот