ФОТО+ВИДЕО | „Аце, Аце“ ечи среде Мелбурн: Татјана Лазаревска праќа топли поздрави од Австралија

татјана лазаревска
Фото: Принтскрин/Инстаграм

Познатиот фолк пар Татјана Лазаревска и Новица Василевски иако веќе со години живеат и работат во Австралија тие ја носат својата татковина секаде со себе изведувајќи ги најубавите македонски нумери.

ФОТО | Австралија им годи: Фолк пејачката Татјана Лазаревска со фотки од пораснатите синови

Татјана е активна на социјалните мрежи каде постојано споделува дел од нивниот приватен и професионален живот.

По повод новогодишните и божиќните празници тие неуморно ја забавуваат публиката. Нашинците во Австралија со радост го чекаат секој следен настап на веселото сопружничко дуо.

Лазаревска на својот инстаграм-профил сподели видео од нејзин настап среде Мелбурн пеејќи ја добро познатата песна „Аце, Аце“ во друштво на весел Дедо Мраз и саксофонист.

Со специјално видео обраќање им ја честиташе и новата година на своите бројни пријатели и обожаватели.

„Среќна нова година. Многу здравје среќа и љубов. Ве сака Татјана Лазаревска“, посака пејачката.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот