ФОТО+ВИДЕО | 2500 голи луѓе се собраа на плажа за подигнување на свеста за ракот на кожата

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Околу 2500 голи доброволци викендот позирале во раните утрински часови на плажата Бонди во Сиднеј и со тоа придонеле до создавање на уметничко дело осмислено за подигнување на свеста за ракот на кожата. Оваа инсталација е најнов проект на американскиот фотограф Спенсер Туник, чија цел е да ги поттикне Австралијците на редовни контроли на кожата.

Фото EPA-EFE/DEAN LEWINS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Поради овој проект е променет и законот, со цел за првпат да се дозволи јавна голотија на плажа.

Фото EPA-EFE/DEAN LEWINS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Австралија е земја во која има пропорционално најмногу заболени од рак на кожа, велат од Светското здружение за истражување на ракот.

Фото EPA-EFE/DEAN LEWINS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Од 3:30 часот по локално време, волонтерите се собрале на плажата за да учествуваат во инсталацијата, направена во соработка со добротворната организација „Skin Check Champions“ во текот на Неделата за подигнување на свеста за ракот на кожата.

Фото EPA-EFE/DEAN LEWINS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

„Имаме прилика да ја подигнеме свеста за прегледите на кожата и ми беше чест да дојдам овде, да создадам своја уметност и да го прославам телото и заштитата“, изјавил светски познатиот уметник Туник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Spencer Tunick (@spencertunick)

Брус Фишер, 77-годишник кој учествувал во снимањето, изјавил за „AFP“ дека „поминал половина живот на сонце и дека му биле отстранети два малигни меланоми на грбот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот