ФОТО+РЕЦЕПТИ | Старински рецепти од баба Анче од Америка: Аница ја промовира македонската кујна во светот

Фото: Приватна архива

Аница Клокановски, 67-годишната баба и прабаба, Македонка во Америка, со своите старински рецепти е наша нова гастрономска инспирација.

Баба Анче, фото – приватна архива

Аница, или баба Анче, готви на социјалните мрежи под псевдонимот „Кујната на баба Анче“ (Baba Ance’s Kitchen), ја промовира македонската кујна во светот, а живее во Детроит, Америка. Во САД се преселила во 1971 година, кога имала 16 години. Сама дошла во „белиот свет“, без родители. Инаку, таа е од Преспа, родена е во село Наколец.

– Имаме куќа во Ресен, каде што си доаѓаме секоја година, зашто многу ја сакаме нашата земја. Македонија ни е во срцето – вели симпатичната баба Анче и додава дека во Македонија е нејзината фамилија и нејзината мајка.

Фејсбук-групата каде што ги споделува своите рецепти ја отворила годинава, таму доминираат старинските македонски рецепти, научени од нејзината мајка. Признава дека до денес со „старата мајка“ се консултира за гастрономијата и дека сè уште учи од неа.

Баба Анче ги запозна Американците со голем број македонски јадења, од гравче тавче, пиперки, сарма, зелник, до нејзиното омилено ѓомлезе, или по преспански, турипотпечи.

Овојпат со вас споделува два старински рецепти.

Пиперки полнети со говедско месо

Се пржат убаво 2-4 главици кромид, 1-2 страка праз, 2 моркови ситно исчекани. Се додава меленото месо, и сè заедно се пржи. Се додава шолја ориз, и зачини – сол, црн пипер, вегета, оригано, црвен пипер…

Целиот текст и фотографиите проследете ги ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот