ФОТО | Маж во брак со две жени: Ќе се потрудам двете да останат бремени во исто време

Instagram

Полиаморен маж (лице кое сака да има повеќе од еден партнер) откри дека сака двете негови жени да останат бремени во исто време, со цел да можат да го споделат тоа искуство.


Џими Силва (36) и Чача Сахагун (32) од Калифорнија заедно се повеќе од една деценија, а почнале да се забавуваат и со Самер Пелетиер (26) откако двајцата „паднале“ на неа на еден деловен состанок во 2012-та година.



Тројката почнала да се забавува, но со години ја држеле врската отворена и експериментирале, сè додека минатата година Џими не ги запросил двете девојки, користејќи два дијамантски прстени изработени од еден камен поделен на два дела.

Во меѓувреме почнале да разговараат и за проширување на семејството, а Џими открил дека сака двете сопруги да му забременат во исто време, пренесува „Daily Mail“.

„Тоа е тешка работа, но ќе го направам тоа“, изјави тој.

Џими клекнал пред девојките на 10-годишнината од врската со Чача, во април 2019 година. Иако не ја официјализирале својата врска, тие на крајот на годината одржале свадбена церемонија и се сметаат за сопружници.

Иако се во посветена врска, сите признаваат дека ги привлекуваат други жени и не ја исклучуваат можноста за ширење на нивниот љубовен триаголник, а се надеваат и дека наскоро ќе имаат деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот