ФОТО|Јелена Карлеуша и Наташа Беквалац приредија вистинска новогодишна бајка! Погледнете ја зимската магија во домот на пејачките

Instagram
Instagram

Бројни познати личности веќе започнаа со украсување на своите домови за Нова Година. Една од нив е и Јелена Карлеуша која својот дом го направи во новогодишна бајка и покрај различните украси и големата елка, постави и знак ЈК.

Во сличен стил на Карлеуша, со бели и златни украси, својот дом го разубави и нејзината колешка Наташа Беквалац, која исто така се пофали на социјалните мрежи.

Јелена буквално мислела на секој агол од нејзината вила на Дедиње, па целата куќа ја украсила во нежни тонови. Нема сомнение дека пејачката и нејзините ќерки уживале во украсувањето на својот домот.

Од друга страна, Наташа ја покажа својата новогодишна елка и како ужива на каучот со новогодишни чорапи.

Елката на пејачката е огромна, со неколку украси во нежни тонови, а судејќи според реакциите, на многумина им се допадна. Наташа во описот на фотографијата се прости од оваа година.

  • Добро утро и среќна Нова 2021 година. Сакам сите да бидеме здрави. Би сакалa повторно да ги гушнам мама и тато. Научивме многу, драга 2020 година додека траеше, благодарам, затоа се збогувам со тебе толку долго и свечено. Благодарам и збогум – напиша пејачката под фотографијата.

Погледнете ја прекрасната новогодишна атмосфера во домот на пејачките:

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е bekvalats1-813x1024.jpg
Наташа Беквалац/Инстаграм
Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е karleusha-jk1-581x1024.jpg
Јелена Карлеуша/Инстаграм
Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е karleusha-jk2-590x1024.jpg
Јелена Карлеуша/Инстаграм
Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е karleusha-jk3-595x1024.jpg
Јелена Карлеуша/Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот