Фотографијата која го РАСПЛАКА целиот свет: Нејзиниот помал брат има леукемија, а таа вака го теши (ФОТО)

Фото: Фејсбук

Рак во детството ја погодува целата фамилија. Слушате за финансиската и медицинска борба, но не ви кажуваат низ што поминуваат семејствата со повеќе деца, вели мајката на болното дете Бекет (4).

На Бекет (4) во април му била дијагностицирана акутна лимфобластична леукемија. Неговата мајка направила две слики. Фотографијата на која сестрата (5) на Бекет, го теши него, го расплака целиот свет.

– Една работа која не ви ја кажуваат за ракот во детството е дека ја погодува целата фамилија. Секогаш слушате за финансиската и медицинска борба, но колку често ви кажуваат за тоа низ што поминуваат семејствата со повеќе деца? На некои ова можеби им е тешко да го видат и прочитаат – напишала мајката на детето, Кејтлин Бурџ.

– Моите две деца, меѓу кои разликата е 15 месеци, заедно го поминаа патот од играње во дворот и во куќата, до заедничко седење во болничката соба. Мојата, тогаш четиригодишна ќерка гледаше како нејзиниот брат го селат во одделението за интензивна помош. Гледаше како докторите му ставаат маска на лицето, го бодат со игли, му даваат лекови, а тој лежи беспомошно. Знаеше само дека нешто не е во ред со нејзиниот брат, нејзиниот најдобар пријател – додала Кејтлин.

One thing they don’t tell you about childhood cancer is that it affects the entire family. You always hear about the…

Publiée par Beckett Strong sur Mardi 3 septembre 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот