Фотографија со порака од САД, Помпео ги зема покрај себе Пацоли и Дачиќ?

Газета Експрес

Од САД постојано повикуваат за продолжување на дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија.  Во меѓувреме, американскиот дипломат Филип Рикер во интервју за Гласот на Америка рече дека САД се подготвени да се вклучат во разговорите меѓу Косово и Србија. За ова, Рикер изјави дека зборувал и со државниот секретар Мајк Помпео.

За тоа дека САД навистина сакаат да се вклучат директно во дијалогот меѓу Приштина и Белград, покажува и фотографијата од министерската средба за верски слободи, организирана од Соединетите Американски Држави, пренесува Газета Експрес.

Според истиот медиум на оваа фотографија во попривилегирана позиција се наоѓаат  Косово и Србија, бидејќи косовскиот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли и неговиот српски колега, Ивица Дачиќ се фотографирани до американскиот секретар Помпео.

Се чини дека оваа доближување на Косово и Србија од страна на САД не е случајно, ако се земат предвид последните случувања и обиди за продолжување на дијалогот помеѓу Приштина и Белград.

Напори за повторно започнување на дијалогот меѓу Косово и Србија, прават и францускиот претседател Емануел Макрон, како и германската канцеларка Ангела Меркел.

Во интервју за Газета Експрес, српскиот аналитичар Душан Јајниќ изјавил дека такво нешто тие прават во целосна координација со Соединетите Американски Држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот