Фотографија што го потресе светот: Девојче од Газа извлечено по жесток ракетен напад

Младото девојче беше заробено седум часа под остатоците од зградата во која живееше. Откако беше спасено беше однесена во во болницата во Шифа каде се лекува и нејзиниот татко.

Шестгодишната Сузи Ешкунтана се разбуди во најголемата болница во Газа, каде ја однесоа спасувачите кои ја извлекоа од урнатините на нејзиниот дом, кој беше уништен од израелскиот воздушен напад, во кој загинаа нејзината мајка и сите четири нејзини браќа и сестри, објави Ројтерс.

Младото девојче беше заробено седум часа под остатоците од зградата во која живееше. Откако беше спасено беше однесена во болницата во Шифа каде се лекува и нејзиниот татко.

Домот на палестинското семејство беше погоден во израелските воздушни напади рано во неделата врз градот Газа. Во тој напад загинаа 42 лица, вклучително и 10 деца, а бројот на жртвите по еднонеделното бомбардирање на Газа достигна 192 загинати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот