Фотографија од Св. Јован Канео, победник во серијата фотографии од патувања на лондонски Тајмс

Фото: МИА

Црквата Св. Јован Канео, едно од најрепрезентативните обележја на Охрид, е мотивот на наградената фотографија што ја додели вчерашното издание на неделното издание на лондонскиот весник Тајмс.

Станува збор за фотографија на Стив и Џин Куртек, испратена до весникот на отворениот конкурс за најдобра фотографија, за потребите на специјалното издание за патувања „Trailfinders”.

Победниците на серијата седмични фотографии влегуваат во трка за финалната награда што ќе биде прогласена дополнително.

Охрид и неговите природни убавини заедно со неповторливиот амбиент што го дава Охридското Езеро честопати е мотив на фотографии објавувани во најпознатите светски дневни весници и престижни специјализирани списанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот